ЕЛЕМ ја објаснува изградбата на „Луково Поле“
Електрани на Македонија - ЕЛЕМ, на својата интернет страница, постави посебен банер за проектот „Луково Поле“. Во овој дел, граѓаните ќе можат да добијат повеќе податоци за проектот за изградба на хидроцентрала во Националниот парк „Маврово“, околу кој се дигнаа многу реакции во јавноста.
Реката Радика нема да исчезне, ниту, пак, ќе биде целосно пренасочена кон Вардарскиот слив, а проектот за изградба на хидросистемот „Луково Поле“ нема да предизвика негативно влијание врз Дебарското Езеро и националниот парк, тврди ЕЛЕМ, во чија надлежност е овој проект.
„Вкупната количина вода што ќе се пренасочи од Радика нема да биде поголема од 1,46 кубни метри вода во секунда, што претставува околу 6,5 отсто од просечниот проток во реката. Во таа насока, погрешно е тврдењето дека реката ќе исчезне“, пишува на веб-страницата на ЕЛЕМ.Од државната компанија уверуваат дека проектот не само што нема да има негативно влијание врз Дебарско Езеро, туку ќе овозможи дел од преливите од езерото, кои се изгубена и неискористена вода, да се искористат за производство на електрична енергија.
Слично
