Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕЛЕМ има загуби од 100 милиони евра годишно, тие договараат бизниси со сомнителни партнери“: СДСМ обвинува за скандал и бара реакција од ЈО

„ЕЛЕМ има загуби од 100 милиони евра годишно, тие договараат бизниси со сомнителни партнери“: СДСМ обвинува за скандал и бара реакција од ЈО

Фирма на Дака од црната листа на САД во мрежата на Мицкоски-потонаа сите лаги на Николовски. Огромен скандал е доделувањето бизнис на компанија чиј сопственик е на црната листа на САД.

Ова го посочуваат денеска од опозициската СДСМ, од каде укажуваат дека компанијата на Миодраг Давидовиќ-Дака „Хронос сум“ од јануари годинава Божновска ја ставила во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.

- За ВМРО-ОКГ сѐ е бизнис и ниту црната листа на САД не е пречка.

Сега кога јавно ги фати живи Антикорупцискиот тим на СДСМ како спремаат бизниси со човек кој се поврзува со перење пари, криминални структури и е на црната листа на САД ВМРО -ОКГ пробува да се испере.

Скандалот е уште поголем ако се знае дека станува збор за истиот субјект кој со години стоел без реализација, а сега одеднаш, со ВМРО-ОКГ на власт, повторно оживува.

Потонаа сите лаги на Александар Николовски и ВМРО-ОКГ.

Во опозиција го напаѓаа Миодраг Дака Давидовиќ а денес – кога се на власт – Божиновска му отвори врата во бизнис мрежата на македонската енергетика.

Ќе им се извинат ли денеска на граѓаните за сите лаги?

Ова е класичен пример како функционира ВМРО-ОКГ: додека граѓаните плаќаат скапа струја, ЕЛЕМ има загуби од 100 милиони евра годишни тие договараат бизниси со сомнителни партнери - истакнуваат од партијата. 

Воедно од СДСМ бараат Владата веднаш да ја повлече одлуката и да го стопира овој сомнителен проект, а Јавното обвинителство итно да отвори предмет и да ја истражи целата шема, вклучително и потеклото на капиталот.



Слично

Поврзани вести