ЕЛЕМ доби нов директор, Мицковски разрешен
Драги Миновски на предлог на Владата е новиот директор на АД ЕЛЕМ.
Тој е професорот на Електротехничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“.
Христијан Мицковски, досегашниот претседател на УО и генерален директор на АД ЕЛЕМ, на Фејсбук синоќа информираше дека е разрешен од Владата и им се заблагодари на сите за досегашната соработка.
Тој неодамна изјави дека АД ЕЛЕМ во првите шест месеци од годинава оствари нето добивка од 533 милиони денари или 8,6 милиони евра, а депозитите во неколку домашни банки заклучно со 31 јули изнесуваат 1.250 милиони денари, односно 20 милиони евра.
Слично
