Економија, финансии, бизнис

Контакт

Електронски во секое време ќе знаеме што трошат функционерите

Електронски во секое време ќе знаеме што трошат функционерите

На повидок нова дигитална алатка, која ќе биде промовирана следната недела, а преку која ќе можете да ги „ѕирнете“  трошоците на државните функционери, како министри, заменици-министри и државниот секретар.

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на денешната јавна дискусија со учесници од НВО-секторот за размена на мислења и идеи за актуелните владини политики поврзани со нејзината транспарентност, истакна дека во тек е изработка на софтверот за следење на овие трошоци кој ќе понуди точни информации, но и наративен извештај за наведените трошоци.

Според Илија Жупановски од Секторот за медиуми во Владата, употребата на ваква алатка за дигитална транспарентност е светски тренд, а целта е меѓу другото да се држат трошоците на овие функционери на најниско ниво. На почетокот ќе биде опфатена група од 60 функционери и таа листа на опфат понатака ќе се прошири. Се предвидува на крајот од месецот обврска за министрите, замениците-министри и државните секретари да доставуваат извештаи за нивните трошоци.

Се зборуваше и за обезбедување на поголема транспаретност преку медиумите, но чекор по чекор.

– Убедени сме дека тоа не е доволно, ќе одиме на објавување и на материјалите, на записници од седниците на Владата, но молиме за трпение.- порача Поповски.

Слично

Поврзани вести