EЛЕКТРОНСКА ПЕТИЦИЈА: Се бара оставка од Иванов
Со електронска петиција се бара оставка од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Граѓанската иницијатива „Мегафон“ ја обнови електронската петицијата за собирање потписи за оставка на претседателот Иванов.
Петицијата е покрената во април 2017, а сега повторно е обновена.
„Ние, граѓаните на Република Македонија, бараме итна и неотповиклива оставка на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, заради неговото континуирано противуставно и недржавничко однесување од типот: (1) Блокирање на евро-атлантските интеграции на РМ; (2) Недавање поддршка на процесот на решавање на спорот со името со Република Грција; (3) Поттикнување на говор на омраза помеѓу македонската и албанската заедница во РМ и помеѓу граѓаните на Македонија и Грција“ - се наведува во петицијата.
Досега на петицијата се потпишале скоро 7.500 граѓани.
Линк до петицијата ТУКА.
