Економија, финансии, бизнис

Контакт

Електродистрибуција: Санацијата ја завршивме еден час пред прекинот со водоснабдување во Скопје

Електродистрибуција: Санацијата ја завршивме еден час пред прекинот со водоснабдување во Скопје

Изнесените наводи во соопштението до јавноста од Ј.П. Водовод и Канализација – Скопје, со што вчерашниот прекин во водоснабдувањето во неколку населени места во Скопје бил предизвикан поради краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, Електродистрибуција ги отфрла во целост како невистинити и Ве известува за следното:

- Напојувањето е согласно, а воедно и во граница на пропишаните стандарди и не се регистрирани никакви отстапувања

- Дефектот на кабелот помеѓу трафостаницата 10/04kV „Влае 2“ и трафостаницата 10/04kV „Влае 1“ настанал во 18:18 часот во недела (05.10.2025)

- При лоцирање на дефектот се направени исклучувања на 10kV извод „Карпош“ на дел од 10kV извод „Влае“

- Санацијата на дефектот е завршена во 20:50 часот од страна на екипите на Електродистрибуција

- Прекинот на водоснабдувањето настанал повеќе од еден час подоцна од завршувањето на санацијата од страна на екипите на Електродистрибуција, односно околу 22 часот.

Електродистрибуција


Слично

Поврзани вести