Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ: Каде ќе смеете да ги возите низ град а да не добиете казна

ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ: Каде ќе смеете да ги возите низ град а да не добиете казна

На владина седница измените кои се готват да го регулираат однесувањето на управувачите со електрични тротинети поминаа, сега ќе се чека на пратениците.

Во собрание ќе треба да се расправа и одлучи за употребата на најновиот тренд во сообраќајниот превоз а ние ве информираме што е она што се предлага од МВР во однос на електричните тротинети.

Тротинет ќе смеете да возите само по велосипедска лента, но доколку нема таква тогаш ќе возите на тротоар или пешачка патека. Возење на коловоз заборавете бидејќи ќе добиете глоба од 120 евра.

Она што плус се предвидува за електричните тротинети е да се носи задолжително кацига и флуоресцентно елече, а имајте на ум дека смеете да ги возите само по десна страна а ако пред или по вас има и други лица со тротинети тогаш мора да управувате еден позади друг, во спротивно казната за непочитување на овој предлог закон ќе биде 80 евра.

Електричен тротинет ќе смеат да управуваат лица не помали од 14 години . Казната за управување на тротинет за дете под 14 години е 50 евра за родителот.

Во однос на брзината со која се управува електричен тротинет надлежните предвидуваат максимална дозволена од 25 км/ч на велосипедска патека додека на другите патеки дозволено ќе биде најмногу 6 км/ч.

Ако сакате да управувате со тротинет ќе мора на истиот да имате бело светло на предната, и црвено на задната страна а за неносење на рефлектирачки елек подгответе се за казна од 50 евра.

Слично

Поврзани вести