ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин
Поради паднат столб со кабли кои пренесуваат електрична енергија во прекин е патот Гостивар - Кичево, во селото Колари.
Веста на социјалните мрежи ја споедли „Тв21“, кои објавија и кратко видео од моменталната ситуација.
На видеото се гледа дека дел од возилата стојат, на сред пат е бандеарата, работници се обидуваат да соберат паднат рекламен материјал, а дел од возачите се обидуваат да се испротнат под каблите и да заминат од местото.
Опасноста од краткото видео е тешко да се процени. Нема информации за повредени, ниту дали има соодветни екипи на терен кои ќе можат да го санираат проблемот.
- Блокиран автопатот Гостивар-Кичево, кај Колари!
Причината е паднат електричен столб - напишаа од „Тв21“ на Фејбсук.
Еве ја нивната објава:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
