Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ел Чека најави протест пред Владата

Ел Чека најави протест пред Владата

Шекерин Ахмети, момчето од кичевското село Туин познато како Ел Чека на еден од неговите профили на „Фејсбук“ соопшти дека на 26 јули пред седиштето на Владата во Скопје ќе се одржи протест „комунистичката власт“ во земјава. Поддржувачите на Ел Чека ги повикаа лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села и Билал Касами да го предводат народот.

Ел Чека изминатиов период објавува „бомби“ за функционери на ДУИ, поради што против него е поднесено обвинение, но тој живее во САД и не е достапен за органите на прогонот. Тој бара меѓународна истрага за настаните во кумановското Диво насеље, заканувајќи и се на Владата на Зоран Заев. На премиерот пред некој ден му порача дека ќе се повтори Диво насеље, но овој пат во Скопје. 

Слично

Поврзани вести