Ел Чека му се закани на Заев, Струмица ќе му изгледала многу далеку
Кичевецот кој под псевдонимот Ел Чека објавува „бомби“ на Фејсбук се закани дека ако нема меѓународна истрага за „Диво Насеље” и не се расветлат сите убиства на припадници на ОНА, да очекуваат уште едно Куманово среде Скопје.
Ел Чека преку Фејсбук упати терористичка закана до премиерот Зоран Заев.
„Ако продолжите вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот. ЗАЈЧЕ ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага“, се вели во статусот на Фејсбук профилот на Ел Чека.
Пред 2 недели Кичевското обвинителство поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети таканаречен Ел Чека за објавување прислушкувани разговори на челниците на ДУИ кои тој ги обвинува за криминал. За неовластено прислушкување и тонско снимање му се заканува затворска казна од 1 до 5 години. Денеска Ел Чека прв пат се закани со тероризам за што казната е многу повисока.
