Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ел Чека „испука“ нови „бомби“

Ел Чека „испука“ нови „бомби“

Новa тура „бомби“ се појавија на Фејсбук профилот Ел Чека, и повторно на тапет се функционери на ДУИ. Во новите снимки тој ги посочува Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети, а во една од објавите се споменува и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која наводно признава дека случајот „Сопот“ е политички монтиран процес. 

Ел Чека во видео снимка се обраќа на јавноста и се заканува дека нема да престане со објавување на разговори се дури не започне меѓународна истрага за Диво Насеље.

„Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница“ - Ел Чека.

Од МВР велат подготвуваат кривична пријава, а во меѓувреме бараат од Фејсбук да го блокира неговиот профил.

Зад профилот Ел Чека стои момче кое е родум од Кичевско, а живее во Чикаго и има 28 години. 

Слично

Поврзани вести