ЕКСТРЕМНО ЗАГАДУВАЊЕ: Во Струмица и Скопје едвај се дише
Во повеќе градови веќе неколку дена е на сила црвен аларм поради загаденоста на воздухот, а најзагадени се Струмица и Скопје.
Воздухот во метрополата, е екстеремно загаден во последните денови и ноќи, со измерени максимално 584 микрограми по кубен метар на ПМ10 честици, а најзагаден град во последните 24 часа е Струмица со измерени 670 микрограми честици по кубен метар.
Високите вредност на загаденост се забележани на сите мерни станици во Скопје.
Не се дише и во Битола, Тетово, Куманово, Кавадарци.
Забележително е и дека апликациите на мобилните телефони преку граѓаните мереа колку е нивото на загаденост во последните два дена се исклучени. Што укажува тоа?
Дека едвај дишеме и се гушиме.
Слично
