Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстремно топол афрички бран ќе ја „окупира“ Македонија

Екстремно топол афрички бран ќе ја „окупира“ Македонија

Најтоплиот бран ова лето неделава ќе ја зафати Македонија.

Синоптичарите најавуваат екстремно топол афрички бран кој ќе донесе температури повисоки од 42 степени.

Тропските горештини ќе почната по среда и ќе траат се до наредната недела, кога на места максималните температури се очекува да се искачат и над 42 степени.

Доста висок ќе биде и УВ индексот .

Најпогодени од овој жешок бран ќе бидат централните и југоисточните предели .

Вечерите и утрата ќе бидат поспарни и помачни па оттука се препорачува граѓаните да ги почитуваат и препораките на лекарите и да конзумираат повеќе течности.

Слично

Поврзани вести