Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саит Саитов кој прегази жена во Скопје е екстрадиран од Србија

Саит Саитов кој прегази жена во Скопје е екстрадиран од Србија

Саит Саитов од Скопје на возраст од 19 години за кого имаше меѓународна потерница денеска е екстрадиран од Србија.

Него полицијата го бараше за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Сообраќајката се случи на 9 јануари годинава во Скопје, при што загина повозрасна жена. 

На Саитов му е определена мерка притвор, по што е спроведен во Затворот „Скопје“ за натамошна постапка. 

Слично

Поврзани вести