Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Министерството за внатрешни работи објави дека терористот Бесим Красниќи е екстрадиран од Косово. Тој беше познат како еден од кондовската група која пред две децении се закануваше со напад на Скопје, а во меѓувреме доби затворска казна од 28 години. Сега, како што информира МВР, е спроведен во КПУ Идризово.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (17.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам“, извести МВР.

Основниот суд во Урошевац пред десетина дена соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Северна Македонија.

Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи беа уапсени во Урошевац. Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) добило известување од косовските колеги. Браќата Красниќи и нивните соработници од кондовската група пред, речиси, две децении беше страв и трепет во Скопско.

На веб страницата на македонското МВР, во делот за потраги, објавени беа меѓународни потерници за сите четворица. Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор. Бесим Красниќи, брат на Афим, пак, се бараше за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични длеа.


Слично

Поврзани вести