Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски повторно заглавена

Екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски повторно заглавена

Неизвесно е кога ќе биде донесена конечна и правосилна одлука за екстрадиција на двајцата припадници на безбедносните служби на Македонија, затоа што ќе се решава најпрво за барањето за на Горан Грујевски и Никола Бошковски. 

Оваа процедура исто така е одложена на неопределено време, затоа што органот што ја води постапката нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, изјави денес адвокатот Петар Василев пред Кривичниот суд по одложувањето на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“.

Според него судовите и другите органи во Грција тешко се снаоѓаат со преведувачи на македонски јазик. Таков бил и проблемот како што објасни тој и во овој случај , бидејќи органот што ја води постапката за азил нема преведувач од грчки на македонски и обратно, па носењето на одлуката било одложено на неопределено време.

Според него, нема можност на Грујевски и на Бошковски да им се суди во Македонија за фалсификуваните патни исправи.

Тоа може да се случи само кога странките сами ќе побарат, но во овој случај не е така, нагласи Василев и додаде дека жалба за екстрадицијата е поднесена во судот во Атина, но се уште немаат добиено одговор.

На прашање дали во март Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани од Грција во Македонија како што беше објавено претходно, Василев рече дека не би шпекулирал со рокови.

– Не би сакал да шпекулирам во однос на роковите, како што објавија некои медиуми. Таму се водат повеќе постапки за нив, да оставиме на судот и да видиме. Тоа се судски постапки. Никој на тие судски постапки не може да влијае. Судот определува кога ќе бидат закажани рочиштата и кога ќе биде донесена одлука. Од наша страна не може да постои никаков влијание, ниту пак би можеле да извршиме проценка кога би можело да се случи, појасни  тој.


Слично

Поврзани вести