Експлозија пред куќа во Куманово
А.Д.(30) од Куманово утрово во 3:20 часот во кумановската полиција пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа.
Излезено е на местото на настанот и првично е констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата, информираа од МВР. Во настанот повредени лица нема, а предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
