Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозија на плинска боца во Велгошти, интервенираше брза помош

Експлозија на плинска боца во Велгошти, интервенираше брза помош

Охридската полиција извести дека експлодирала плинска боца во селото Велгошти, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

„На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија.

Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи“, објави СВР Охрид.


Слично

Поврзани вести