Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозија и пожар во „Киро Дандаро“, каде што се печати изборниот материјал

Експлозија и пожар во „Киро Дандаро“, каде што се печати изборниот материјал


Експлозија проследена со пожар избила синоќа во 22 часот во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, инаку фабрика позната по тоа што го печати изборниот материјал.

Од противпожарните екипи во Битола за ТВ ТЕРА потврдија дека интервенирале со една екипа, а со подетални информации ќе информираат во текот на денешниот ден.

Од полиција велат дека во пожарот нема повредени и настрадани лица, само е причинета материјална штета, а во клиничката болница во Битола велат дека нема пријавено  лица кои што кај нив се пожалиле на евентуални повреди.

Силната експлозија ги вознемирила жителите на Битола кои се наоѓале во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“. Засега не е познато што експлодирало и дали тоа би предизвикало штети.

ТВ21 пренесе дека дополнителна вознемиреност внел и силниот аларм кој се вклучил.


Слично

Поврзани вести