Експлодира боца во „убавица“ во Карпош 4, сопственикот на станот на тереса на 16 кат чекал помош од пожарникарите
Околу 10 часот во една од зградите познати како „трите убавици“ во Карпош 4 изгоре стан на 16-тиот кат, а како причина за пожарот се наведува експлозија на плинска боца.
Пожарникарите веднаш пристигнаа на местото на настанот и успеале да го спасат сопственикот кој побарал помош од терасата.
Повеќето од граѓаните се евакуирани од зградата, а од службите има и брза помош и полиција.
Слично
