Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Експлицитно видео) Пешак загина во Скопје во брутална сообраќајна несреќа

(Експлицитно видео) Пешак загина во Скопје во брутална сообраќајна несреќа

Во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 23:21 часот на крстосницата што ги поврзува булеварот Босна и Херцеговина и Македонско-косовска бригада во Скопје, едно лице го загуби животот, а неколку други се повредени.

Според очевидци, во несреќата учествувале два автомобила, а дел од повредените со возило на Брза помош веднаш биле пренесени во болница, додека за останатите бил користен друг автомобил.

Алсат ја обезбеди снимката од несреќата. Експлицитното видео е на следниот линк.


Од Основното јавно обвинителство за синоќешната сообраќајна несреќа изјавија дека е извршен увид на лице место, прибрани се траги и обезбедени се снимки од видео надзор. Возачите на двата автомобили се задржани на лекување. Се постапува за утврдување на причините за несреќата, се вели во првичното соопштение од обвинителството.
Слично

Поврзани вести