Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерти за Фактор: Нови избори – потреба или коцка за неуспех

Експерти за Фактор: Нови избори – потреба или коцка за неуспех

Нелогично е сега да се оди на предвремени парламентарни избори, вели за Фактор, аналитичарот и советник на премиерот, професорот Мерсел Биљали. Влогот, вели тој, е голем, меѓународниот фактор нема да дозволи да се прокоцка оваа шанса за договор со Грција.

„Јас мислам дека ВМРО - ДПМНЕ не може да се фали со овие резултати. Доколку се јаки требаше да излезат на гласање, а не да се кријат со бојкот.  Нови избори не се решение. И да победи сегашната опозиција таа не може да донесе подобар договор со Грција, вели Биљали.  


Тој смета дека исходот од референдумот е очекуван, поради како што вели фактичкиот број на гласачи кои Македонија ги има во моментов. Според Биљали 40 отсто од граѓаните во земјава се отселиле, а тоа не е регулирано во избирачките списоци.

Од друга страна претседателката на Глас за Македонија Солза Грчева вели дека секоја совесна власт по вакви резултати трерба да си поднесе оставка. Грчева која беше еден од иницијаторите да се бојкотира референдумот очекува во скоро време да се распишат нови избори. Според Грчева, Владата нема легитимет да продолжи со спроведување на преспанскиоит договор.

„Пораката е јасна, народот не го прифаќа договорот со Грција. Власта треба да ја почитуива информацијата од народот дека консензузс за ваков договор не постои. Јасно е дека на мала врата не можат да се поттурнат уставни измени, вели Грчева.


Биљали и Грчева се  идентични во ставот дека во следниот период потребно е детално да се анализираат резулатите од референдумот. Се очекува политичките партии да разговараат за чекорите на идни лидерски средби.

Ѓ.Т.


Слично

Поврзани вести