Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерти од Македонија, Грција и ОН работат на името во Атина

Експерти од Македонија, Грција и ОН работат на името во Атина

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на денешната прес-конференција во Берлин со германскиот колега Хајко Мас потврди дека се подготвува предлогот за кој треба да одлучат премиерите.

Коѕијас информираше дека од вчера експертските работни групи од Македонија, Грција и Обединетите нации заседаваат во Атина со цел да го доработат рамковниот договор за двајцата премиери.

Коѕијас рече дека спорот треба да се реши затоа што тоа е во интерес и на Грција, а не само на Македонија.

Според него, тој и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров сториле сѐ што е во нивна моќ за да ја затворат рамката и да понудат прифатливо решение и сега со темата се занимаваат работните групи.



Слично

Поврзани вести