Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ФАКТОР: (ФОТОГАЛЕРИЈА) ОЛИМПИЈАДА ТОКИО: Пливачите го остваруваат сонот

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ФАКТОР: (ФОТОГАЛЕРИЈА) ОЛИМПИЈАДА ТОКИО: Пливачите го остваруваат сонот

Олимпијците од Македонија веќе се во Токио. Велат дека го остваруваат сонот зошто за секој еден спортист Олимпијадата е врвна спортска арена. Ексклузивно за Фактор испратија фотографии од олимпиското село каде деновиве пристигнува светската спортска елита.

-Организацијата е беспрекорна, ја надминавме часовната разлика и полека се прилагодуваме. Со нетрпение го очекуваме спектакуларното отворање на 23.јули, а чувството да се пронајде македонското знаме меѓу стотиците едноставно не се опишува со зборови, велат за Фактор, Миа и Филип, пливачите од пливачкиот клуб Орион-Скопје, кои во Токио пристигнаа со нивниот тренер Илија Стојановски.

Во продолжение погледнете како Токио ги живее олимписките денови

А.Б.

Слично

Поврзани вести