Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ексклузивно интервју со Јоргос Папандреу, за Фактор магазин: Политичари со храброст за големи компромиси може да го решат спорот со името

Ексклузивно интервју со Јоргос Папандреу, за Фактор магазин: Политичари со храброст за големи компромиси може да го решат спорот со името

Политичари со храброст за големи компромиси може да го рeшaт спорот за името. Екс премиерите Јоргос Папандреу и Никола Груевски имаа десетина лични средби. Антиквизацијата ги проблематизира и идентитетските кодови на Македонците.

Скопје и Атина преговараат само  за разликата околу името или и за јазикот и идентитетот? Може ли Македонија да влезе во НАТО под привремената референца „ФИРОМ“?   Кога  двете соседни земји  биле најблиску до  решение? 

На овие и други прашања  и дилеми ексклузивно интервју со поранешниот министер за надворешни работи и премиер на Грција, Јоргос Папандреу.

Договорот за добрососедство и пријателство  ги  подотвара вратите на Македонија кон  НАТО и ЕУ. Како офцијална Софија ќе се однесува  кон  спорот за името?  Разговараме со поранешниот бугарски заменик министер за надворешни работи  и еден од првите преговарачи за договорот за добрососедство и пријателство,  Љубомир Којчуков.

Во фактор магазин и за играта на тронови во ВМРО-ДПМНЕ.  Што мисли еден од основачите на партијата Гојко Јаковлевски?

Фактор магазин во недела во  20.45 часот.  Репризно издание среда по  вестите во 22.30 часот. 


Слично

Поврзани вести