ЕКСКЛУЗИВНО: 170.000 евра за настан во чест на Тоше и за концерти на „Авалон“
Речиси 100.000 евра (6 милиони денари) Министерството за култура одобри за јубилејните концерти во Скопје и Охрид на „Авалон продукција“ која годинава слави 25 години од своето постоење. Од „Авалон“ најавија историска година за Македонија со ексклузивни концертни спектакли со ѕвезди од сите области на музиката, а дел од овие настани ќе бидат потпомогнати со народни пари.
Над 70.000 евра (4,5 милиони денари) државата одобри за настанот „Деценија без Тоше“.
Министерството за култура денеска го објави списокот со проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Од областа на музичката и музичко-сценската дејност најмногу средства се одвоени токму за проектот, „25 години Авалон продукција“ и за шоуто во чест на легендарниот пејач и автор Тоше Проески кое ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.
Целиот текст на Женски магазин.
