Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ексклузивни експонати на изложбата 25 години АРМ

Ексклузивни експонати на изложбата 25 години АРМ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја отвори музејската изложба „25 години Армија на Република Македонија“ по повод 18 август – Денот на АРМ.

На отворањето на изложбата во Воениот музеј во Скопје, како што е најавено, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, високи претставници во Министерството за одбрана и АРМ, амбасадори и одбранбени аташеи во Република Македонија.

Изложбата содржи фотографии, воена опрема, оружје и ексклузивитети од вооружувањето на специјалните единици од 25-годишниот историјат на АРМ.

Фотографиите се дел од архивата на Одделението за медиа и мултимедијални работи, Канцеларијата за односи со јавност при ГШ на АРМ и од Воениот музеј.


Слично

Поврзани вести