Ексхумираната жена од Старо Нагоричане починала од насилна смрт
Готови се обдукциите на две од жените за кои постоеше сомнеж дека се убиени од Т.Б., но резултатите уште не се стигнати во Обвинителството.
Неофицијално, двете обдукции покажале дека смртта е насилна, вклучително и смртта на 40-годишната жена за која беше побарана ексхумација, а која била погребана пред 1 месец. Неа ја прегледал доктор за да ја констатира смртта, но не побарал обдукција односно не ги видел трагите на насилството, објави Слободен печат.
Слично
