Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс шефот на УБК на распит пред СЈО со нов адвокат

Екс шефот на УБК на распит пред СЈО со нов адвокат

Поранешниот прв човек на управата за безбедност и контраразузнавање денеска повторно се најде пред тимот на Специјалното јавно обвинителство.

Сашо Мијалков се појави на распит со новиот адвокат Љупчо Шврговски кој го заменува Никола Додевски, кој во дел од случаите не може да ги застапува осомничените кои ги гони Катица Јанева бидејќи ќе биде повикан како сведоц во дел од истрагите.

Мијалков досега е осомничен во неколку случаи меѓу кои „Таргет“ за масовно незаконско прислушување на граѓани, политичари, новинари и бизнисмени во УБК, како и во случаите “Трезор“, и „Тортура“.

Поради тајноста на истражните постапки, јавноста не смее да знае за кој случај точно е повикан Мијалков.

Слично

Поврзани вести