Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс претседателката на Советот на Центар бара повлекување на расправата за ДУП за Мал ринг

Екс претседателката на Советот на Центар бара повлекување на расправата за ДУП за Мал ринг

Јана Белчева советник во Советот на општина Центар со допис бара да се повлече Деталниот урбанистички план за Мал Ринг кој е ставен на јавна расправа за идната недела. Белчева која е поранешна претседателка на Советот на општината, а која од функцијата си даде оставка вели дека расправата за ДУП-от е сред лето, кога сите очи се вперени кон изборите и новата влада, и при здравствена криза. 

„Сметам дека Мал Ринг бара посебно внимание и разработка за да се преобрази во склад со потребите, за да ги надмине неопходните квалитативни и ететски недостатоци утврдени низ бројни студии и анализи, вели Белчева

Белчева си поднесе оставка во мај годинава кога соопшти дека си оди од функцијата бидејќи, ккао што рече, не сака да биде дел од мнозинството во Општина Центар кое не е подготвено за прогрес и транспарентност, туку напротив дозволува назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси.

„Не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум со мнозинство кое нема капацитет ниту воља за размислување, за идеи, прашања, дебати, критички информации“, рече Белчева во својот статус на Фејсбук и се огради од одлуките кои се носе на тогашната седница на Советот.

Слично

Поврзани вести