Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс пратеничката Цветанка Иванова е нов Генерален секретар на Собранието

Екс пратеничката Цветанка Иванова е нов Генерален секретар на Собранието

Поранешната пратеничка Цветанка Иванова од редовите на СДСМ е именувана за генерален секретар на Собранието. Овој предлог денеска беше изгласан на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На оваа одлука и претходеше одлука за разрешување на досегашниот генерален секретар Жарко Денковски.

Седницата на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата беше прекината на третата точка на дневниот ред. Членовите на Комисијата требаше да се изјаснат за предлозите за заменици на претседателот на Собранието на РМ. Продолжението на Комисијата ќе биде дополнително закажано.

Претходно пратениците не го изгласаа предлогот на пратеникот Димитар Стевананџија, кој бараше Комисијата да изгласа заклучок Собранието да објави одлука за избор на генерален секретар и за заменици на генералниот секретар преку конкурс.


Слично

Поврзани вести