ЕКС ОБВИНИТЕЛОТ ДИМОСКИ:Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот-Тоа е гола вода наспроти блокадата која ќе следи од Холандија
Адвокатот и поранешен обвинител, Војо Димоски на својот фејсбук профил истакна дека допрва ни следи блокада од Холандија.
„Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот под диктат на Бугарија. Тоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува.
Не заборавивте белким на урнисаното и подјармено Обвинителство, изгубениот во Вселената персонал на судскиот и обвинителскиот совет, деградираниот Уставен суд ...
Ова бачило, вакво сирење дават!“ напиша тој.
Слично
