Екс министрите за здравство наредната недела први на распит пред Анкетната Комисија
Поранешни министри за здравство наредната недела ќе бидат први на распит пред Анкетната комисија.
Освен екс министри, Комисијата ќе повикува и актуелни и поранешни директори на Онкологија, но и други функционери кои би имало што да кажат со случувањата на клиниката. Претседателката Рашела Мизрахи кажа дека нема да дозволи да се претворат во парасудски орган туку ќе бараат политичка одговорност.
„Очекувам заклучоци за вистината и дали има или нема одговорност и во колкава мера е одговорноста во настанатиот случај доколку ја има. Но, многу поважно, очекувам да имаме заклучоци кои ќе поведат начин да има системски решенија со кои ќе превенираме вакви скандали или трагедии во иднина. Се надевам дека ова ќе биде првата Анкетна комисија која ќе заврши со такви заклучоци и истите ќе бидат имплементирани“, изјави Рашела Мизрахи, претседател на Анкетна Комисија за Онкологија.
Сите членови и заменици на Анкетната се согласиле ако треба ќе работат секој ден вклучувајќи и викенди, доколку биде потребно. И партиите на власт едногласни дека вистината мора да излезе на виделина. Обвинителството отвори предмет за наводите дека имало кражба на лекови од клиниката и дека персоналот ги продавал на Косово.
