ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - НИКОЛОВСКИ, СТАНА ТАТКО НА СИН: „Денес е нашиот најубав ден во животот“
Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, на социјалните мрежи објави убави вести, дека неговата сопруга Андријана се породила.
„Почитувани пријатели,
Денес е нашиот најубав ден во нашиот живот.
Со огромна радост и храброст денес Андријана Николовска го донесе нашиот сакан син – најголемиот благослов во нашиот живот! Жив, здрав и прав!
Тој донесе нова светлина, бескрајна љубов и среќа во нашето семејство.
Од срце ви благодариме за сите јавувања, пораки и честитки. Вашите убави зборови и искрена радост ја прават оваа посебна приказна уште поволшебна!
Благодариме на Господ за овој божји дар
Со љубов и благодарност,
Андријана и Љупчо“, објави тој.
Слично
