Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eкс министерот се правда: Продажбата на становите е законска

Eкс министерот се правда: Продажбата на становите е законска

Откако МВР соопшти дека екс министерот Миле Јанакиески ќе добие кривична пријава заедно со уште неколкумина соработници за незаконска продажба на станови во Прилеп, екс министерот се јави со реакција.

Јанакиески тврди дека поднесената кривична пријава од СВР Прилеп веќе еднаш еднаш била поднесена до Јавното обвинителство и таа била отфрлена од надлежното обвинителство. 

„Истата сега повторно се поднесува се со цел моја лична дискретитација и да се отргне вниманието на јавноста за нереализирањето на ниту еден проект во општина Прилеп од страна на Владата на Зоран Заев“, реагира екс министерот.

Тој децидно во писмената реакција посочува дека родажбата на овие 2 стана како и останатите станови во државна сопственост е извршено согласно важечките законски и подзаконски акти.

„Имено ова право на Министерот за транспорт и врски е определено согласно Закон за продажба на станови во општествена сопственост, Одлука  за продажба на станови кои, права должности и одговорности во поглед на располагањето  има Република Македонија  ( Службен весник бр. 68/92 и 62/03) донесена согласно член 2 од горенаведениот Закон  и Решение за овластување за потписник за склучување на договори за купопродажба на станови од 24.102006 година“, реагира Јанакиески.

Тој ја обвини владеачката партија дека целта на оваа кривична пријава е да го дискредитираат.

Слично

Поврзани вести