Екс-министерот Јетон Шаќири не сака учебник на албански јазик со светци на насловна
Доскорешниот министер за образование Јетон Шаќири реагира до коалицијата ВЛЕN дека дозволиле вражање во употреба на учебник за настава на албански јазик со светите браќа Кирил и Методиј, односно со верски мотиви на насловната страна.
„Дали се согласувате вашето дете утре да го започне часот со оваа корица? Слугите веројатно ќе го прават тоа, но родителите кои сакаат фер образование за своите деца треба добро да размислат.
Потсетуваме дека оваа книга доаѓа откако како министер ја отстранив од употреба претходната книга поради навредлива содржина. Што се однесува до содржината на книгата и за тоа ќе пишуваме!!
„Влен“ никој не ги прашува ... очекувано прифаќаат се што им сервираат господарите на наша штета. Бесрамно вакво нешто ставаат во програмата“, реагираше Шаќири на соцвијалните мрежи.
