Екс министерката Митрева го доби највисокиот француски орден
Република Франција повторно ја одликуваше поранешната министерка за надворешни работи на Македонија, Илинка Митрева. Ова е трет пат таа да добие високо одликување од оваа држава, овој пат одликување во редот на Легијата на честа што е највисок француски орден. Претходно во 1998 година Митрева доби одликување витез на Националниот орден за заслуги, а во 2016 година беше промовирана во ранг на Oфицер во истиот ред. Сирил Бомгартнер амбасадор на Франција во Македонија рече дека Митрева е жена со карактер и исклучителна.
„Госпоѓо Митрева, вие сте жена со убедувања, политички луцидна, со слободен дух и говор. Вие сте жена со карактер и сте исклучителна жена. Вашиот животен тек е исклучителен и се спојува со најголемите достигнувања во историјата на Северна Македонија како независна земја, вели Сирил Бомгартнер.

Слично
