Екс министерката Арсовска Томовска најскромно се хранела, кој не штедел пари и јадел најмногу лососи на државна сметка?
Поранешната министерка за информатичко општество Арсовска Томовска била најскромна во трошењето на државните пари во угостителски објекти, додека заменик-министерот не штедел и си нарачувал лососи на жар, бифтеци, алкохол и цигари.
Сметките за овие трошоци најчесто се правени за време на работно време, но има и такви кои стигнувале по полноќ.
БИРН, преку Законот за слободен пристап до информации ги доби сметките за угостителски услуги што ги користеле екс министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, заменикот Тимчо Муцунски, дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски и државниот секретар Јахи Јахија. Според сметките, единствено екс министерката не трошела државни пари во кафеани.
Најскапи ресторански услуги користел Муцунски, во најголем дел направени во кафеаната „Рустикана“ во Скопје. Лосос во зелен сос од 650 денари, јунешки бифтек, јагнешко печење, морска риба, узо, лозова ракија, вино, пиво, виски и цигари се дел од работите кои тој најчесто ги нарачувал во ресторан.
На сметките не може да се види колку луѓе јаделе и пиеле за овие пари, а цехот се движел од 2 илјади денари, па сѐ до 13 илјади денари. Најчесто, овие сметки се правени во текот на работното време, но има и такви кои се правени по завршетокот на работата, односно сметката стигнувала на полноќ.
Повеќе прочитајте тука.
