Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс грчки амбасадор обвини дека европски земји се виновни што Македонија сега е во криза

Екс грчки амбасадор обвини дека европски земји се виновни што Македонија сега е во криза

Екс грчки амбасадор посочи дека дел од европските земји се виновни за состојбата во која се најде Македонија. 

Тој забележува дека одредени земји не дале зелено светло за старт на преговори на Македонија со Европската Унија (ЕУ). 

„За ситуацијата во Северна Македонија одговорност имаат и некои држави од ЕУ“, изјави  поранешниот амбасадор на Грција во Скопје, Александрос Маљас, за грчката телевизија „Скај“. 

За гласањето недоверба на Владата, искусниот амбасадор објасни дека не е во позиција да го предвиди исходот и „како ќе гласаат пратениците од албанските партии“. Тој вели дека претходно сме имале предвидлива ситуација, но не и сега.  За Договорот од Преспа објасни дека има две важни работи, едната е дека важи засекогаш, односно на неопределено време и втората е дека никој не може да го раскине. По локалните избори, односно по 31 октомври кога премиерот Зоран Заев најaви оставка, настанаа политички превирања во Македонија. 

Слично

Поврзани вести