ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА СО УБАВИ ВЕСТИ, ЌЕ СТАНЕ ТАТКО: „Го чекаме нашиот Никола“
Синоќа поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи објави дека ќе стане татко.
„Во ова мое животно патување, исполнето со подеми и падови, победи и порази… научив многу.
Кариерата ме градела, животот ме калел, искуствата ме менувале.
Но ништо… баш ништо не може да се спореди со чувството што доаѓа сега.
Најголемиот успех во мојот живот не е титула, не е позиција, не е постигнување.
Најголемиот успех е да станеш родител. Да станеш татко.
Со срце полно љубов и душа исполнета со благодарност, го очекуваме нашето најголемо богатство…
нашиот Никола.
Нашиот нов почеток. Нашиот живот“, објави тој.
Слично
