Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс градоначалникот на Аеродром доби прекршочна-за што е казнет Коневски?

Екс градоначалникот на Аеродром доби прекршочна-за што е казнет Коневски?

Поставените “флешери“ на автомобилот на екс градоначалникот Ивица Коневски му донесоа прекршочна пријава.

Сообраќајната полиција вчера го запрела Коневски кој повторно имал ставено „флешери“ на  предниот дел од неговиот автомобил „БМВ“ а овој случај во јавноста се појави по минатонеделно интервју на еден медиум со донеодамнешниот аеродромски градоначалник кој после тоа сам ги извадил уредите.

„Флешерите“ се уред кој дава  посебни светлосни и звучни знаци и нив смеат да ги вградуваат и употребуваат возила со кои полицијата или воената полиција вршат придружба.

Вакви уреди може да се вградуваат и употребуваат и на возила определени со акт на Владата на Република Македонија како и на возилата со право на првенство на минување.

Овие уреди може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела, соопштија од МВР.

Слично

Поврзани вести