Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс градоначалникот кој го оштети општинскиот буџет не смее да го напушти Скопје

Екс градоначалникот кој го оштети општинскиот буџет не смее да го напушти Скопје

Судот му одреди мерки на претпазливост на екс градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митревски и петмина соработници вработени во Општината осомничени за злоупотреба на службената положба при продажба на општинско земјиште. 

Кривичниот суд вчера на шестмината осомничени им одредил мерка забрана да го напуштат местото на живеалиште односно Скопје, одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд.

Митревски и други вработени во општината вчера беа приведени и се сомничат  дека преку незаконска приватизација на општинско земјиште го оштетиле буџетот за над 4 милиони денари. Во домот на Митревски беше направен претрес. 

Лицата се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти. 

Oд ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираа дека ова е изживување со Митревски и велат дека тој не е криминалец. 

Слично

Поврзани вести