Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс градоначалник на Василево „заработи“ кривична пријава

Екс градоначалник на Василево „заработи“ кривична пријава

Струмичката полиција против поранешниот градоначалник на Општина Василево поднесе кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување.

51-годишниот Ване Стојанов од село Едрениково, како градоначалник на општина Василево, на 25 јуни 2010 година изготвил решение за вработување на Г.Ц. на работно место референт во администрацијата на Општината Василево. Но, притоа не бил извршен увид во доставената документација на кандидатот и покрај тоа што знаел дека е без соодветно образование, соопшти МВР.

Слично

Поврзани вести