Екс директорот на МРТ ќе директорува со Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“: Ѓорѓиевски го смета за човек со сериозно искуство
Поранешниот директор на Македонската радио телевизија (МРТ), Марјан Цветковски, е именуван за нов директор на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Фондацијата, формирана од Град Скопје, ќе го координира спроведувањето на манифестацијата, како и управувањето со финансиите наменети за проектот.
Цветковски ја водеше МРТ цели 15 години, од 2012 до април годинава, и веднаш по завршувањето на мандатот е назначен на новата јавна функција.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот на Град Скопје истакна дека Цветковски е личност со богато искуство.
„Марјан Цветковски го познава долги години. Сметам дека е човек со сериозно искуство и убеден сум дека ќе даде одлични резултати“, рече Ѓорѓиевски.
