Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс-амбасадор на ВМРО-ДПМНЕ нападнат од вмровец пред референдумот

Екс-амбасадор на ВМРО-ДПМНЕ нападнат од вмровец пред референдумот

Поранешен амбасадор на Република Македонија во една од европските држави, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, физички бил нападнат синоќа, во еден од угостителските објекти во центарот на Скопје, објави Цивил.

Зад нападот, пак, стои син на поранешен градоначалник на Бутел, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.

Лицето што прво го нападналo екс-амбасадорот вербално, со зборовите „предавник“, „го продадовте името“ и слично, го пцуел и навредувал, за потоа да му зададе и силен удар во задниот дел од главата, по што нападнатиот паднал. Нападнатиот ја задржал присебноста и не одговорил на нападот.

Неофицијално дознаваме дека напаѓачот е син на еден поранешен градоначалник. Според сведоштвата, непосредно пред нападот, тој ја малтретирал и својата придружничка. Случајот е пријавен во полиција.

Поранешниот амбасадор, инаку, е познат по своите јавни настапи за поддршка на референдумот.


Слично

Поврзани вести