Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економските директори во здравството ќе се укинуваат

Економските директори во здравството ќе се укинуваат

Министерството за здравство побара од Владата да ги укине економските директори на клиниките и болниците. Дел од економските директори веќе се разршени со одлуки на министерот за здравство Таравари, а веќе е подготвен и нов закон за здравствена заштита со кој треба да се регулира новиот начин на управување со јавните здравствени установи.

Главната причина за предлогот е досегашното искуство во примената покажало низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори поради несоработка на лицата што беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

Од друга страна со укинувањето на економските директори треба да се намалат и трошоците за плати на менаџерите.

Иако Таравари ова го најави веднаш по стапувањето на функцијата законските измени се бараат после два месеци.

Економските директори беа воведени пред 11 години. Според тогашните законски измени втор директор добија сите клиники, институти, клинички болници и останати ЈЗУ со над 1000 вработени. 


Слично

Поврзани вести