Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економски експерт предупредува: Ова е најголемиот балон во светската историја

Економски експерт предупредува: Ова е најголемиот балон во светската историја

Американскиот бизнисмен Роберт Кијосаки, кој со години дава мрачни прогнози за пазарот, уште еднаш ја нарече глобалната економија „најголемиот балон во светската историја“.

Кијосаки, коавтор на бестселерот „Богат татко, сиромав татко“, ги повика инвеститорите во овој контекст да се ослободат од средствата што ги поседуваат во хартии од вредност.

Тој, како што пренесува Б92, ги советува „да се држат за своите пари“, истакнувајќи дека многумина знаат дека тој самиот не инвестира во акции, обврзници или фондови со кои се тргува на берзата.

Кијосаки верува дека благородните метали треба да се гледаат како заштита од инфлација и турбуленции на пазарот, наведувајќи дека нивната вредност е постабилна, иако не е целосно имуна на економската несигурност.

„Не купувам злато затоа што го сакам, туку го купувам затоа што немам доверба во ФЕД (Бордот на Федералните резерви на САД)“, рече Кијосаки во интервју минатата година, потсетува RT.



ФОТО: Screenshot Youtube

Слично

Поврзани вести