Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата во фокусот на вториот ден средби на македонска делегација во соседна Бугарија

Економијата во фокусот на вториот ден средби на македонска делегација во соседна Бугарија

Премиерот Заев ги продолжува официјалните средби во соседна Бугарија.

За денес е предвидена средба на Заев заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со министерката за енергетика Теменушка Петкова а акцентот ќе биде ставен на економијата.

Вчера македонска делегација имаше низа средби со премиерот на Бугарија Бојко Борисов и со претседателот Румен Радев.

“Разговаравме, ги приближивме ставовите кон потпишување на договор и тој договор би можело да се потпише ова лето – добрососедство, ни остана уште многу малку. Заедно ќе го прославиме Илинден во Македонија на 2 Август. Се согласивме тогаш да го потпишеме договорот за соработка меѓу нашите две земји. Премиерот Борисов ќе ја посети Македонија и ќе се поклони пред споменикот на нашата историја. Ние денеска ќе се поклониме пред споменикот на цар Самуил во Софија“ -изјави премиерот Заев.

Ја поддржуваме Македонија кон евроатланските интеграции, дестабилизацијата на Македонија ќе значи дестабилизација на границите, а ние сакаме стабилна земја, рече пак бугарскиот премиер Борисов.

За вчерашиот исход од средбите на македонски и бугарски функционери повеќе прочитајте тука.

Слично

Поврзани вести