Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКОНОМИЈАТА НА НУЛА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ - раст од само 0,2 отсто

ЕКОНОМИЈАТА НА НУЛА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ - раст од само 0,2 отсто

Според бројките на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ за првото тримесечје од 2020 година е 0,2 отсто, јавија домашните статистичари. 

Во првото тримесечје од 2020 година, најголем пораст е забележан во секторите - Информации и комуникации од 10,4 отсто; – Дејности во врска со недвижен имот од 6,5 отсто  и - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби, од 5,2 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2020 година номинално расте за 2,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63,2 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 7,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4,6 проценти. 

Слично

Поврзани вести