Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екологистите го „аминуваа“ луксузниот комплекс на Субрата Рој во Љубаништа

Екологистите го „аминуваа“ луксузниот комплекс на Субрата Рој во Љубаништа
Екологистите дадоа зелено светло за проектот на Субрата Рој за изградба на туристички комплекс кај Љубаништа. Според нив, овој проект е прифатлив ако се внимава на примената на сите предвидени стандарди за заштита на животната средина. Студијата за влијанието врз животната средина на планираните објекти на туристичката развојна зона „Љубаништа 1“  ја изработи консултантската куќа „Енвиро ресурси“. За изведба на скапиот проект сега се очекува и дефинитивниот став од УНЕСКО, бидејќи дел од градбите е предвидено да се градат во водите на Охридското Езеро, кое е под заштита на оваа меѓународна организација. Сите други процедури во однос на пренамена на земјоделско во градежно земјиште и комплетирањето на урбанистичко – планската документација се веќе завршени. На намерите на индискиот бизнисмен за сега се спротивставува албанската страна.Официјалниот претставник на Албанија в студијата нагласил дека остварувањето на милионскиот проект може да ја загрози иницијативата за прогласување на целиот регион Охрид – Преспа за биосферен резерват под заштита на УНЕСКО. Според плановите, индиската компанија на милјардерот Рој во Љубаништа ќе прави центар со луксузни хотели, казина, спортски терени, пристаниште, објекти за забава и рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели и казино на вода на површина од околу 240 хектари. Проектот ќе се изведува во две фази, а Рој при последната посета на Македонија тврдеше дека нема да биде нарушена еколошката состојба на езерото.
Слично

Поврзани вести